Соопштенија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ - Надмината граничната вредност на суспендирани честички во амбиенталниот воздух за мерното место Велес 2

Врз основа на Извештајот од Министерството за животна средина и просторно планирање согласно кој е надмината граничната вредност на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во амбиенталниот воздух за мерното место Велес 2, во текот на 5 последователни денови (од 03.01.-07.01.2015г.), Градоначалникот на Општина Велес ја информира јавноста дека се измерени следните концентрации на суспендирани честички изразени во µg/м3:

03.01.2015 – 127.36 µg/м3
04.01.2015 – 121.54 µg/м3
05.01.2015 – 51.58 µg/м3
06.01.2015 – 63.06 µg/м3
07.01.2015 – 50.48 µg/м3

 

Врз основа на препораките од Интерсекторската група за квалитет на воздухот при наминување на прагот за информирање, препорачувам:

• Возила да не се користат без поголема потреба
• Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
• Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, бидејќи со нивно горење се ослободуваат отровни гасови во воздухот.
• Правилно да се користат печките за дрва (осигурајте се дали огнот гори правилно, дали огревното дрво е суво, добро одржувајте ги печките).

Почитувани граѓани, Велес беше општина во која секојдневно се дишеше воздух збогатен со тешки метали. Денес, воздухот не содржи олово, кадмиум и цинк над граничките вредности. Но, сеуште е важно во нашето секојдневно живеење и работа, особено во зимскиот период да се однесуваме одговорно и во согласност со законските прописи.

Гасовите што излегуваат од нашиот оџак ги засегаат и нашите соседи, децата кои минуваат по улицата, постарите лица, бремените жени.

Да се однесуваме одговорно со потрошувачката на енергенсите и користењето на моторните возила, со тоа позитивно ќе придонесеме за квалитетот на воздухот кој го дишеме сите.


ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев