Соопштенија
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Согласно Законот за јавните патишта, Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, Законот за јавна чистота, Законот за заштита и спасување и Законот за управување со кризи, а врз основа на Програмата за зимско одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Велес за сезоната 2014/2015 година, за расчистување на остатоците од снег и мраз потребно е да се вклучат:
∙ Граѓаните кој го чистат снегот и голомразицата од тротоарите, патеките и приодите пред своите станбени згради и индивидуални куќи, водејќи сметка за безбедноста на минувачите и исчистениот собран снег да обезбедува нормален и безбеден пешачки и друг вид на сообраќај.
∙ Сопствениците и корисници на деловни објекти и дуќани потребно е да го чистат снегот и голомразицата од тротоарите, патеките и приодите пред своите деловни објекти и дуќани, при тоа водејќи сметка за безбедноста на минувачите и исчистениот собран снег да обезбедува нормален и безбеден пешачки и друг вид на сообраќај.
∙ Урбаните и Месни заедници во Општината се должни да превземат одговорност да подигнат, складираат, чуваат и наменски да го користат одреденото количество индустриска сол и задолжително учествуваат во чистење и посолување на улици и тротоари.
Се молат сите учесници активно да земат учество во извршување на доверените задачи од зимско одржување.
Градоначалник на Општина Велес
м-р. Славчо Чадиев