Соопштенија

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА - Нацрт ДУП за УЕ 1, УБ 3

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на Р.М. број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Детален урбанистички план за УЕ 1, УБ 3, Општина Велес, плански период 2014-2019 год.

 

Границата на планскиот опфат на ДУП за УЕ 1 УБ 3 Велес – Општина Велес е дефинирана со следната граница:
Границата на опфатот ја дефинира осовината на магистралната улица ”1” на исток, собирната улица ”2” на југ и границата на планскиот опфат на град Велес на запад.
Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 21,65 ха.
Нацрт Деталниот урбанистички план за УЕ 1, УБ 3, Општина Велес, плански период 2014-2019 год., ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 20.01.2015 – 06.02.2015 година секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk.
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 28.01.2015 година (среда) со почеток во 12.00 часот.

Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев