Соопштенија
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА - викенд населба, во КО Башино Село и КО Новачани
Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат сите правни и физички лица дека Градоначалникот на Општина Велес донесе Решение за организирање на
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА
за Нацрт Урбанистички план вон населено место за изградба на комлекс со намена, А4 - времено сместување - викенд населба, во КО Башино Село и КО Новачани, Општина Велес плански период 2014-2024 год.
Границите на планскиот опфат се следните:
• исток - граничи со улица бр. 3 (постојна), КП 20/23 и КП 20/268;
• запад - граничи со дел од КП 493/1;
• север - граничи со дел од КП 493/1;
• југ - граничи со дел од регионален патен правец (П-1102), (Велес-Катланово)
Површината која ја зафаќа планскиот опфат изнесува 4,47 ха.
Нацрт Урбанистички план вон населено место за изградба на комлекс со намена, А4 - времено сместување - викенд населба, во КО Башино Село и КО Новачани, Општина Велес плански период 2014-2024 год. ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од 20.01 2015 – 06.02 2015 година, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот.
Нацрт планот ќе биде изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk
Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.
Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Општина Велес на ден 28.01 2015 година (среда) со почеток во 13.00 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев