Соопштенија

Одлука за спроведување на стратегиска оцена - ДУП за УЕ 1, УБ 3

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Велес, на ден 23.12.2014 година, донесе


Одлука за спроведување на стратегиска оцена


1.За планскиот документ Детален урбанистички план за УЕ 1, УБ 3, Општина Велес кој го донесува Општина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2.Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Детален урбанистички план за УЕ 1, УБ 3, Општина Велес се определуваат следните: Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање, Совет на Општина Велес.
3.За планскиот документ Детален урбанистички план за УЕ 1, УБ 3, Општина Велес, за чија изработка е одговорено Општина Велес, а го донесува Советот на Општина Велес, донесувањето на планскиот документ Детален урбанистички план за УЕ 1, УБ 3, Општина Велес ќе има влијание врз животната средина.
4.Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: Сегашната состојба со животната средина во рамките на планскиот опфат; Влијанијата врз животната средина со планираните намени - Г – Производство, дистибуција и сервиси (Г2 – Лесна индустрија; Г3 – Сервиси; Г4 – Стоваришта), Д - Зеленило и рекреација (Д2 – Заштитно зеленило), Е - Инфраструктура (Е1 - Сообраќајна инфраструктура; Е2 - Комунална супраструктура - Трафостаници).; Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животна средина (воздух, почва, води, население и човеково здравје) и Индикаторите преку кои ќе се следи реализацијата на планското решение.
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес на следната веб адреса/и: www.veles.gov.mk.
6.Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев