Соопштенија
ЈАВЕН АПЕЛ - зголемен водостој на реката Вардар
Општина Велес ја информира јавноста дека водостојот на реката Вардар се наоѓа на критичното високо ниво а според информациите на надлежните служби во наредниот период се очекува и зголемување на приливот на вода.
Во тој правец упатуваме апел до сите жители, сопственици на викенд куќи и одгледувачи на добиток долж течението на реката Вардар будно да ја следат состојбата и доколку има потреба да превземат итни мерки за соодветна заштита од поплави.
Со почит!
Општина Велес