Соопштенија
Покана - модна изложба на Александра Крнинова Груев

Во четврток 29.01.2015 vo 19,30ч. vo Ликовниот салон во Велес ќе се отвори изложба на илустрации и креации на моден дизајни на ликовниот уметник, дизајнер и костимограф, Александра Крнинова Груев од Велес.
Факултет за ликовна култура, моден дизајнер завршува во САД, Columbus College of Art and Design Bachelor of Fine Art, Fashion Design Columbus, Ohio U.S.A 2008. Ова е нејзина прва самостојна изложба, а досега има излагано на неколку групни изложби. Работи на костимографија на повеке престави за Народниот театар ЈХКЏ Велес , Народен Театар Штип, за театарот во Охрид. Изработува мурали во повеќе објекти во Колумбис, Охајо, САД и во Велес.
Во Ликовниот салон во Велес ќе се престави со модни илустрации и изработени костими по истите. Александра К. Груев, творецот со својата интуиција, импулс и моќна имагинација за изработка на планираниот модел изработува скица на моделот, каде и започнува уметничкиот чин . Модните записи се креации каде во творечкиот миг на создавање на делото, комуницираат визуелно во една хармонична естетика. Концептуалистичкиот пристап од аспект на ликовната перцепција Александра го постигнува со играта на светло и темно и создавањето на ритмичност со постојано повторување на истите, бои црна и бела, проткаени со значење на внатрешните лични емоционални состојби.
Во Ликовниот салон Крнинова ќе се престави со 28 илустрации и 10 креации на модели.