Соопштенија
Барање за добивање Б-Интегрирана еколошка дозвола
Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Барање за добивање Б-Интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/2005, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.13-5170/5.
Подносител на барањето:
Друштво за сточарство, трговија и услуги
ЅИПЕ ТОНИ ДООЕЛ експорт-импорт Велес
Регистрирано седиште на правното лице:
ул. "Цветан Арсов" бр. 29 во Велес
Локација на инсталацијата:
м.в. Сирката, КП 12545, КП 12547, КП 11440, КО Велес
Контакт лице:
Охрида Стефанова – управител, тел: 043/226-281
Категорија на инсталација:
Инсталација за интензивно свињарство
Проектиран капацитет:
30 места за маторици
550 места за гоење на свињи.
Целокупната документација содржана во барањето е достапна за заинтересираната јавност од 21.10.2015 -21.11.2015г
ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев