Соопштенија

РЕАКЦИЈА НА ПРИЛОГОТ „ВЕЛЕС – ДЕСЕТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА И ОД БУЏЕТОТ” ОБЈАВЕН НА „МЕТА.МК”

Општина Велес реагира на објавениот прилог под наслов „Велес - Десет села отсечени од цивилизацијата и од буџетот” изготвен oд страна на тимот „Мета.мк“. Истот претставува тенденциозен обид за презентирање на Локалната самоуправа во негативно светло, игонорирајќи го сето она што е направено во досегашниот период за споменатите населени места.

Вистината е следна и поинаква. Во селото Сливник во досегашниот период се реализирани неколку крупни проекти.

- Во соработка со Министерството за образование се изгради нова училишна зграда во вредност од 5.300.000 денари.
- Во тек е изградба и поставување на водоводна мрежа во селото за што ќе се одвојат средства во висина од 4.200.000 денари.
- Извршена е реконструкција на уличното осветлување.
- Редовно тампонирање на патот до селото.

Следната година се очекува да се преземат активности и за поставување на канализационен систем, по што ќе се пристапи и кон уредување на локалните улици.

Што се однесува за селото Р’левци, Општина Велес е во редовна комуникација со претседателот и членовите на Месната заедница. Во ова велешко село, иако има многу мал број на постојани жители, општината вложува напори да ги исполнува нивните барања во согласност со потребите и приоритите. Во овој правец извршено е тампонирање на патот, а се поставија и цевки за одвод низ селото.

За останатиот дел од прилогот и надоврзаните политички коментари за несериозен пристап кон ветувањата на граѓаните, оставаме да просудат јавноста и граѓаните.

Општина Велес денес имаше промоција на Отчетот за сработеното во текот на 2015 година и во оваа брошура многу лесно може преку фотографии и текст да се препознаат и воочат сите реализирани проекти на Локалната самоуправа како во градот, така и во населените места.

Токму отчетот, а не тенденциозните прилози, говори за нашата посветеност кон работата и создавањето на подобри услови за живеење.

Општина Велес и во наредниот период ќе остане да биде сервис на граѓаните, да ги слуша нивните потреби и да се стави во функција на решавање на проблемите со кои ќе се создаваат подобри услови за живеење.