Соопштенија

ВО НАСЕЛЕНО МЕСТО ЦРКВИНО КЕ СЕ ВОВЕДУВА ОРГАНИЗИРАНО СОБИРАЊЕ НА КОМУНАЛЕН ОТПАД

Од 02.01.2016 година во населеното место Црквино за прв пат ќе се воведе услугата за собирање и транспортирање на комунален отпад. Постапката на евиденција на корисниците веќе е завршена и веднаш по новогодишното празнување ЈКП „ Дервен“ ќе започне со собирање на комуналниот отпад. По принципот на универзалност на услугата на целата територија на Општина Велес и за жителите на Црквино услугата ќе се извршува два пати во седмицата – во среда и сабота.

Оваа активност е предвидена во Програмата за управување со отпад за 2015г. 

Во 2016г. Ќе се изврши расчистување на дивите депонии во населеното место.