Соопштенија

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод Божиќ

Почитувани,

Со желби за мир, спокојство, радост и разбирање, Во името на Советот на Општина Велес, во името на граѓаните на Општина Велес и во мое лично име, дозволете да Ви го честитам големиот христијански празник, Христовото рождество - Божиќ.

Овој ден не потсетува дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, одлучи и Самиот Тој да постане човек и да ги превземе врз себе сите слабости и гревови на човековата природа. Токму затоа, Божик е најубавиот и најрадосниот христијански празник.

Затоа треба да ги сакаме нашите најблиски, нашето семејство, нашите пријатели, нашиот град и држава. Да се почитуваме и заедно да работиме за доброто на сите нас!

Нека Божјата мудрост ни донесе благосостојба и бериќет!

Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди!

Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес