Соопштенија

Одлука за спроведување стратегиска оцена

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Велес, на ден ________2016 година, донесе

 

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

 

  1. За планскиот документ Предлог планска програма за изработка на измена и дополна на ДУП за дел од УЕ 7, дел од УБ 40, КО Велес,Општина Велес кој го донесуваОпштина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Предлог планска програма за изработка на измена и дополна на ДУП за дел од УЕ 7, дел од УБ 40, КО Велес,Општина Велес се определуваат следните:Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање,Совет на Општина Велес.
  3. За планскиот документ Предлог планска програма за изработка на измена и дополна на ДУП за дел од УЕ 7, дел од УБ 40, КО Велес,Општина Велес, за чија изработка е одговореноОпштина Велес, а го донесува Советот на Општина Велес, донесувањето на планскиот документ Предлог планска програма за изработка на измена и дополна на ДУП за дел од УЕ 7, дел од УБ 40, КО Велес,Општина Велесќе има влијание врз животната средина.
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Сегашната состојба со животната средина во рамките на планскиот опфат; Влијанијата врз животната средина со планираните намени: Г-ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ(Г2-лесна индустрија, Б1-мали комерцијални и деловни дејности, Б2-големи трговски единици, Б4-деловни дејности, В2-здравство и социјална заштита, Д2-заштитно зеленило, Д3-спорт и рекреација, Д4-меморијални простори, Г3-сервиси, Г4-стоваришта), Е- ИНФРАСТУКТУРА (Е2-комунална супрастуктура), на локалитет на западниот дел на град Велес, во УЕ 7 и опфаќа дел од УБ 40,согласно блоковската поделба во ГУП за Велес, КО Велес, Општина Велес;Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животна средина(воздух, почва, води, население и човеково здравје)и Индикаторите преку кои ќе се следи реализацијата на планското решение.
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велесна следната веб адреса/и: veles.gov.mk.
  6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за животна средина и просторно планирањево рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

 

 

Бр.УП.1310-8                                                   

МестоВелес

Име и презиме

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Велес

м-р Славчо Чадиев


Одлука

Формулар