Соопштенија
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
Врз основа на член 65 став (6) одЗаконот за животната средина Службен весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13 и 187/13на ден. 10.03 2016година, Градоначалникот на Општина Велес донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ Детален урбанистички план за дел од УБ 37 во УЕ VI помеѓу ул.”Тодор Јанев” и ул. ”270”- Општина Велес кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10,18/11, 53/11,144/12,55/13, 163/13 и 42/14), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велесveles.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на Детален урбанистички план за дел одУБ 37 во УЕ VI помеѓу ул.”Тодор Јанев” и ул. ”270”-, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
- Донесувањето на планскиот документ опфаќа мала област од локално значење. Вомоментот е градежноземјиште и е сонамена А-домување, односно домување во станбени куќи(А1).
- Со планскиот документ се планира реализирање на проект што не е предвиден со Уредбата за определување на проектите и критериумите врз кои се утврдува потребата за спроведување на постапка за оцена на влијанието врз животната средина.
- Со планскиот документ се планираат нови и се потврдуваат и прошируваат постојните градби со намена А-домување.
- Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање,ворокод 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.
|
УП.бр.1310-6 10.03.2016 год. Велес
|
ГРАДОНАЧАЛНИК на Општина Велес м-р Славчо Чадиев
|