Соопштенија
ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ НА РЕСУРСНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО ВИДОТ
Општина Велес, Проектот на УСАИД и ЛЦИФ на децата со пречки во видот Ве покануваат на 18.3.2016 година (Петок), во просториите на поранешното училиште „ЈХК Џинот“ – Велес, со почеток во 13:00 часот.
Целта на настанот е промоција на Ресурсниот центар на градот Велес, досегашните и планирани идни проектни активности за подобрување на условите и потребите на децата со пречки во видот во Р.Македонија.
Свое обраќање на официјалното отворање ќе имаат градоначалникот на Општина Велес, директорот на мисијата на УСАИД и гувернерот на Лајонс Дистрикт.