Соопштенија
Повик за пројавување на интерес за изградба на трибини на Градски стадион во Општина Велес
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02), Општина Велес на ден 15.03.2016 година, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за интерес
Повик за пројавување на интерес за изградба на трибини
на Градски стадион во Општина Велес
- ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
- Предмет на јавниот повик е пројавување на интерес од потенцијални инвеститори, за изградба на трибини на Градскиот стадион-Велес.
- Повикот се однесува за изградба на трибини на сревероисточната страна на објектот –градскиот стадион, лоциран на КП 1812, за КО Велес, со површина на градба во должина од 100м1 и ширина 12м1.
- Утврдувањето на ширината и должината на градба ќе биде утврдена со посебна проектна документација, за кое треба да биде издадено посебно одобрение од страна на општината.
- Инвеститорот превзема обврска:
- Да ја финансира изработката на урбанистичката документација (детален урбанистички план);
- Да ја финансира во целост целата проектна документација за изградба на објектот а при тоа идејното решение и основниот проект да бидат одобрени од страна на општината;
- Да ја финансира во целост изградбата на објектот согласно одобрениот основен проект;
- Да ги финансира сите пропратни трошоци поврзани со изработка на техничата документација и со самата изградба на објектот;
- За правата и обврските во текот на градбата помеѓу општината и инвеститорот ќе се склучи посебен договор.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
- Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани правни и физички лица лица со поднесување на Пријава која е потребно да содржи содржи:
- Назив на правното или физичкото лице;
- Адреса на правното или физичкото лице;
- Проектна програма за начинот на изведувањето на објектот
- Краток опис на дејност на правното лице (Само за правни лица);
- Краток историјат на правното лице како и основни финансиски показатели за изминатите 3 години;
- Технички предлог за катноста на објектот и неговите висини;
- Дополнителни информацици кои за кои што подносителот смета дека се битни за постапката;
- НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
Лицата од точка 2 поднесуваат Пријава за интерес до архивата во Општина Велес, со назнака „За Јавниот повик за изградба на трибини“, во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.
Број 08-1904/1 Градоначалник на Општина Велес
15.03.2016 година м-р Славчо Чадиев
Велес