Соопштенија

ГРАЃАНСКИОТ СЕРВИС ЦЕНТАР НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ДЕНЕС ДО 22.00 ЧАСОТ ЌЕ ПРИМА БАРАЊА ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

Поради истекот на продолжениот рок за поднесување на барања за легализација на бесправно изградени објекти, денес (31 март 2016 г.), Граѓанскиот сервис центар барањата ќе ги прима до 22.00 часот.

Општина Велес упатува апел до сите физички и правни лица што немаат доставено барање за легализација, а сакаат да ги легализираат дивоградбите тоа да го направат денес.

За оние коишто веќе имаат поднесено барање за легализација геодетските елаборати треба да се достават до 31 декември 2016 година.

Можат да се легализираат само дивоградбите коишто биле изградени заклучно со 3 март 2011 година.

Со почит!
Општина Велес