Соопштенија
Соопштение за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Планска програма за изработка на урбанистички план вон населено место со намена Г-2 лесна и незагадувачка индустрија, Е-1 комунална инфраструктура и Е-3 некомпат
УП бр.1310-3
05.04.2016год.
Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15 и 129/15), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Планска програма за изработка на урбанистички план вон населено место со намена Г-2 лесна и незагадувачка индустрија, Е-1 комунална инфраструктура и Е-3 некомпатибилна инфраструктура КО Оризари, Општина Велес.
Податоци и информации:
- Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
- Назив на планскиот документ: Планска програма за изработка на урбанистички план вон населено место со намена Г-2 лесна и незагадувачка индустрија, Е-1 комунална инфраструктура и Е-3 некомпатибилна инфраструктура КО Оризари, Општина Велес.
- Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за донeсување на Планска програма за изработка на урбанистички план вон населено место со намена Г-2 лесна и незагадувачка индустрија, Е-1 комунална инфраструктура и Е-3 некомпатибилна инфраструктура КО Оризари, Општина Велес.Се работи за плански опфат со површина од 2,98 ха која ја зафаќа границата на планскиот опфат, со наменa: Г2 – лесна и незагадувачка индустрија. Назив и број на Одлука: Известување со кое нашата Одлука за спроведување на стратегиска оцена со бр. 15-9119/2 од 23.12.2015 се прифаќа од Министерство за животна средина и просторно планирање.
- Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.
Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ:
Планска програма за изработка на урбанистички план вон населено место со намена
Г-2 лесна и незагадувачка индустрија, Е-1 комунална инфраструктура и Е-3
некомпатибилна инфраструктура КО Оризари, Општина Велес, се донесува со
Одлука од страна на Градоначалникот на Општина Велес.
- Засегната јавност: Правните лица кои вршат дејност во непосредна близина и пошироко.
- Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Планска програма за изработка на урбанистички план вон населено место со намена Г-2 лесна и незагадувачка индустрија, Е-1 комунална инфраструктура и Е-3 некомпатибилна инфраструктура КО Оризари, Општина Велес, ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;
- на www.veles.gov.mk
Јавната расправа ќе се одржи на 25.04.2016г. (понеделник) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.
- Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Планска програма за изработка на урбанистички план вон населено место со намена Г-2 лесна и незагадувачка индустрија, Е-1 комунална инфраструктура и Е-3 некомпатибилна инфраструктура КО Оризари, Општина Велес.
Границата на предметниот плански опфат е одредена со граници на парцели,
сообраќајна инфраструктура и граници на наменска зона дефинирана со соседен
плански опфат.
Границата на планскиот опфат е дефинирана со следните граници:
- Од север граничи со Јавен пат Д.Оризари –Чашка,
- Од југ граничи со граница на наменска зона Г2-Сервиси,
- Од запад граничи со граница на наменска зона Г2-Сервиси,
- Од исток граничи со КП 2402/1 и со локален пат.
|
изготвил: РИН
|
|
одобрил: ЗМ |
ОПШТИНА ВЕЛЕС
Сектор за урбанизам,заштита на животната средина
, комунални дејности, сообраќај, патишта,
локален економски развој и
информатичка технологија
Р а к о в о д и т е л,
Деан Стојанов