Соопштенија

Градоначалникот Славчо Чадиев, Ви го честита најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Ваше Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. Агатангел,
Дозволете ми од мое лично име и од име на Советот на Општина Велес, Вам, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од нашиот град, да Ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден со желби за добро здравје и бериќет во животот.

Овој светол празник е ден кога доброто победува над злото, а животот ја победува смртта. Ова е ден кога кај секој од нас повторно се раѓа надежта за подобар свет, за подобро утре.
Блаженството и спокојот кои ги носи овој празник да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили, нашите роднини, соседи, со нашите пријатели.
Овој светол ден нека биде вечен стремеж кон поттикот за саможртва во секојдневието и упорна борба за доброто и победа над злото, длабоко уверени во потребата за човекољубие и почитување на христијанските вредности.
Во ова време, во кое се соочуваме со бројни искушенија, потребна е сплотеност и меѓусебно почитување и уважување, за да можеме духовно исполнети да се справиме со нив!
Посакувајќи ви постојана радост во Воскреснатиот Господ Исус Христос, ви го честитаме празникот Велигден, со најрадосниот поздрав
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес