Соопштенија

СООПШТЕНИЕ - јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДУП за дел од УБ 32 ВО УЕ 4 и дел од УБ 47 во УЕ 9, ОПШТИНА ВЕЛЕС

 

УП БР.1310-1
од 03.05.2016 год.
Велес

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15 и 31/16), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Велес за 2016 година со Одлука бр. 27-6567/9 од 16.11.2015 година, од Советот на Општина Велес, Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:


СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УБ 32 ВО УЕ 4 и ДЕЛ ОД УБ 47 ВО УЕ 9, ОПШТИНА ВЕЛЕС

Граници на опфатот се:
- Oд јужна страна, од осовината на Стар Мост и осовината на улицата “Јордан Хаџиконстантинов - Џинот” од каде свртува кон север и оди во тој правец по улицата “Коле Цветков” после што свртува на исток по средината на КП 10 351 (јавен пат) се до улицата “Нада Бутникошарова”. Од таа точка оди кон север по истата улица (“Нада Бутникошарова”) па продолжува во ист првец по улицата “Димитар Влахов” се до пресекот со улицата “Илинденска” од каде свртува кон запад и оди по неа до пресек со улицата “Петре Прличко” и оди по неа кон север се до пресек со КП 2825 ( улица-пат) па, повторно свртува кон запад и оди по неа се до средината на регулираното корито на река Вардар од каде свртува кон југ и оди по коритото се до осовината на Стар Мост од каде и што започна.
Опфатот е со површина од 8,50 ха. Јавната анкета и јавната презентација по Предлог ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УБ 32 ВО УЕ 4 и ДЕЛ ОД УБ 47 ВО УЕ 9, ОПШТИНА ВЕЛЕС, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на граѓанскиот центар на Општина Велес.

Јавната анкета ќе трае 11 работни дена од 06.05 до 20.05 2016 год од 8,00 до 16,00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 16.05.2016 година во 13:00 часот во просториите на Општина Велес.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
М-р Славчо Чадиев