Соопштенија
Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев упати честитка по повод 20-ти Мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија

На сите професионалци во ТППЕ Велес и на членовите на Доброволното противпожарно друштво „Видра“, им упатувам честитки по повод 20-ти Мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија.Горд сум на Вас и на Вашето несебично залагање, на Вашата инвентивност и се поголемото присуство меѓу граѓаните.
Искрено се восхитувам на Вашиот ентузијазам, елан, пожртвуваност и пред се на Вашата хуманост. Вашите едукации по станбените објекти, по училиштата, во детската градинка едноставно го сменија односот на граѓаните кон противпожарната служба. Во целиот овој изминати период успеавте да влеете сигурност меѓу граѓаните и респект кон Вашата професија.Честит празник и многу успех во унапредувањето на противпожарната заштита.
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес