Соопштенија

Се изврши првото авионско третирање против комарци

Согласно законот за заштита на населението од заразни болести, општина Велес на 23 –ти мај годинава спроведе авионско третирање против комарци. Во раните утрински часови третирањето го спроведе овластена фирма која има одобрение од министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Авионското третирање против комарци се вршеше час и половина со препарат одобрен од министерството.

Акцијата беше спроведена од Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари. Со третирањето беше опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. Општината преку медиумите апелираше до пчеларите со затворање на кошниците да ги заштитат пчелите од евентуални влијанија на препаратот.