Соопштенија

ПРЕПОРАКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШТЕТНИТЕ ЕФЕКТИ ОД НАДВОРЕШНИТЕ ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО, ПРЕПОРАЧАНИ ОД СТРАНА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА РМ, ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА РМ И ЦЕНТРИТЕ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

1. Општи препораки за заштита од топлотен бран

• За време на топлотен бран избегнувајте, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 1000-17°°часот. Неопходните работи завршувајте ги пред 1000 часот или после 1700 часот.

• За време на топлотен бран во периодот од 1000-17°°часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности.

• Останете, колку што е можно, во затворбни климатизирани
простории (обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35°Ц). Затворете ги прозорците и ролетните во тек на денот, отворете ги навечер кога температурата е пониска.

• При неопходен престој на отворен простор, избегнувајте директна изложеност на сонце, најдете можности за почести одмори под сенка.

• Носете светла и лесна облека (светлите бои, во извесна мера ја одбиваат светлината) од природни ткaенини (памучни. ленени), ставете заштитни очила и капа.

• Внесувајте големо количество на течност (не чекајте да бидете жедни), почнувајќи од обичната вода за пиење, па се до минерализирани безалкохолни пијалоци. Избегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.

• Внесувајте помало количество на храна. Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна и храна која содржи поголемо количество шеќер.

• Туширајте се со студена вода повеќе пати во денот (или ставете студени облоги и чуаајте ги нозете во студена вода).

• Кога сте во возило, отворете прозорец, за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. He оставајте никого во возилото.

• Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да јз земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

• Пред употреба на свеж зеленчук и овошје, задолжително е нивно миење.
Термички подготвена храна, да се конзумира веднаш после подготовката. Ако тоа не се направи. подготвената храна да се стави во ладилник на температура до +8оЦ, а пред улотреба, да се загрее на +100°Ц.

• Да се избегнуваат производи кои не се термички обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови).

• Консултирајте се со својот доктор. доколку почуствувате невообичаени симптоми кои траат подолго време.

• Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно побрзо, и измерете ја својата телесна температура. Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате.

• Ако имате болни грчеви во мускулите на нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на постудено место и напијте се течност што содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час.

• Ако некој член од вашето семејство или лице на кое помагате, има топла и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош, префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете му ги нозете и колковите, отстранете му ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење (студени облози на вратот, пазувите и слабините и постојано прскајте му ја кожата со вода). Мерете му ја телесната температура.