Соопштенија

ТЕРМИНИ ЗА БЕСПАТНО РЕКРЕАТИВНО КОРИСТЕЊЕ НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО

Општина Велес за сите граѓани и вљубеници во тенисот, ова лето обезбедува бесплатни термини за рекреативно користење на тениските терени „Андон Ќосето” кои се наоѓаат во Градскиот парк.
Граѓаните кои се заинтересирани за користење бесплатни термини на тениските игралишта потребно е да се пријават во спортската сала „Гемиџии” и да остават податоци за име, презиме и телефон за контакт, името и презимето на лицето, односно лицата, со кои ќе го користат терминот, како и терминот за кој се заинтересирани.
Граѓаните се избираат по принципот - кој прв ќе закаже термин за бесплатно користење на тениското игралиште.

Пријавувањето започнува да се применува од 27.06.2016 година (понеделник), по што на општинската интернет страница (www.veles.gov.mk) и социјалните мрежи на ден 01.07.2016 година (петок) ќе биде објавена листата со термини и корисници.
Користењето на термините според првично изработениот распоред ќе започне да се применува од овој викенд.
Еден термин ќе трае еден час. Граѓаните кои ги користат тениските игралишта со себе треба да носат соодветни обувки за да не се уништува теренот и документ за лична идентификација.
Со почит!
Општина Велес