Соопштенија
Велес од Вторник пет дена ќе живее во знакот на фоклорот
Од вторник Велес станува фолклорен центар на Балканот. Започнува 13-тото издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2016. На петте фестивалски вечери ќе настапат 11 странски ансамбли и културно уметнички друштва. „Тореон“ од Мексико, „Дукат“ од Србија, „Хојем“ од Турција, „Доина Бараганулуи“ од Романија, Ансамблите „Актавис“,„Бански старчета“ и „Малешевци“ од Бугарија, „Миетниовиаци“ од Полска, „Искра“ од Црна Гора, „Бабо“ од Грција и Македонскиот ансамбл „Македонски бисери“ кој ни гостува од далечната Австралија.
Освен гостите домашниот фолклор ќе го промовират 10 културно уметнички друштва. Фестивалот и годинава традиционално ќе започне со дефиле по градските улици. Општина Велес е главен покровител на фестивалот. Организаторите потврдија дека сите фестивалски вечери предвидено е да се одржат на амфитеатарот во Младинскиот парк.