Соопштенија
Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф за потенцијални апликанти

На ден 29.06.2016(среда), во просториите на хотелот Гардениа, Бизнис Центарот за поддршка и советодавни услуги за мали и средни претпријатија во Вардарскиот плански регион во соработка со Стопанската комора на Македонија - Регионална канцеларија со седиште во Велес и Фондот за иновации и технолошки развој организираа инфо сесија и обука за повикот за инструментот: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф за потенцијални апликанти.
Во насока на активностите на бизнис центарот во рамките на Центарот за развој на Вардарски плански регион е организирана инфо сесија и обука во соработка со предавачи од Фондот за иновации и технолошки развој г-ѓа Катарина Кречева, Советник во одделението за подготовка на програми и г-дин Никола Клопчевски, Виш соработник во одделението за финансии и сметководство. Целта на денешната обука е запознавање на засегнатите страни, а вооедно и потенцијални апликанти микро, мали и средни претпријатија од Вардарски плански регион со критериумите за подобност на апликантот, начинот и постапката за подготовка на иновативен предлог проект.
За овој инструмент, средства можат да добијат микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог проект.
Рокот за аплицирање е до 1 август 2016. Подетални информации за грантовите може да се најдат на веб страната на фондот за инвоации и технолошки развој - http://www.fitr.mk/
