Соопштенија

Најава на нестабилно време - Управа за хидромеоролошки работи (09.08.2016)

В четврток попладне и во петок ќе бидеме под влијание на влажна и студена воздушна маса од север која ќе предизвика пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.

 

Во петок преку денот ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на дневната температура на воздухот, која на места ќе биде и за 10 степени пониска во однос на претходните денови.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и посвежо време.

 

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.


Директор,
м-р Оливер Ромевски