Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК - за помош на настраданите и справување со последиците од невремето кое ја зафати Општина Гази Баба

Општина Велес објавува Јавен повик за помош на настраданите и справување со последиците од невремето кое ја зафати Општина Гази Баба.

Со цел барем малку да им ја олесни беспомошната состојба се повикуваат сите индивидуалци, клубови, здруженија на граѓани, препријатија кои сакаат да помогнат масовно да се вклучат во оваа хумана акција во која најпотребна е физичка сила.
Превозот е обезбеден и истиот ќе поаѓа од пред општинската зграда во 08:00 часот во Среда (10.08.2016).

Време е да ја разбудиме нашата хуманост, да помогнеме на својот народ да имаат нормален живот и основни егзистенцијални услови.