Соопштенија
Соопштение - подготвка на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2017 година
Соопштение
Во текот на септември 2016 година ќе се подготвуваат нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2017 година во областа на:
-образованието,
-културата,
-социјална заштита
-здравствена заштита,
-спорт и млади,
-поддршка на НВО секторот,
-меѓународна соработка,
-локален економски развој,
-заштита на животна средина,
-комунални дејности,
-урбанистичко планирање
Сите институции, здруженија на граѓани и поединци кои имаат предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности што треба да се реализираат во 2017 година, можат да ги доставуваат до службите во Општина Велес.
Предлозите се доставуваат на образец што Ви е достапен во електронска форма на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.
Предлозите се доставуваат до Општина Велес, ул. „Панко Брашнар“ бр.1. најдоцна до 16.09.2016 година.
По нацрт-програмите ќе бидат организирани јавни расправи на кои можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.
КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ:
Граѓанската организација што ќе аплицира за добивање средства од Буџетот на Општина Велес за реализирање на проект/активност – самостојно или во партнерство со други субјекти (граѓански организации, установи, институци, бизнис сектор и сл.) мора да ги исполнува следните критериуми:
-Барањето со потребната документација да го приложи во периодот утврден во објавата за прибирање предлози
-ГО да е со седиште во Општина Велес,
-Да има сопствена жиро сметка
-Да делува најмалку 2 години
-Да има реализирано проекти/активности од кои може да се види потенцијалот со кој располага (референтна листа)
-Да има доставено финансиски извештај за реализирани проекти/активности финансирани од Општина Велес во претходната година
-Активностите/проектите што ќе го реализира да се од интерес на граѓаните на Велес.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес,
м-р Славчо Чадиев