Соопштенија

Градоначникот Славчо Чадиев упати честитки по повод 18-ти Август, Денот на Армијат

Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија,
Ми претставува големо задоволство да Ви упатам честитки по повод 18-ти Август, Денот на Армијата и да ја изразам мојата почит за придонесот кој што го давате за изградба на Армијата во респектабилна сила, која е гарант за суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.

Ви честитам за вашиот професионализам во извршувањето на одговорната задача, но пред сè за вашата солидарност и лојалност кон татковината.
Нека е вечен Денот на Армијата на Република Македонија!
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес