Соопштенија

VELES OPEN 2016

Градскиот одбојкарски клуб Борец, со поддршка од Општина Велес и група млади ентузијасти, организираат настан ТУРНИР ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК за сите одбојкари, љубители на спортот, љубители на спортските настани.

Турнирот во одбојка на песок VELES OPEN 2016 ќе се оддржи на песочното одбојкарско игралиште, во големиот парк во Велес, и е организиран на ниво на цела Македонија, во три категории, и тоа:
* профи категорија мажи
* профи категорија жени и
* категорија аматери каде ќе можат да учествуваат сите оние кои се немаат професионално занимавано со одбојка но се љубители на овој спорт и сакаат да покажат што знаат на терените.
За професионалните екипи следува парична награда, а ви ветуваме и одлична забава надвор од терените и атрактивна одбојка на терените.
Екипите можат да се пријават најдоцна до 23.08.2016 кај одговорните лица од ГОК БОРЕЦ или на телефонскиот број 078 446 193.
Подетални информации, при пријавувањето.

Со почит ГОК БОРЕЦ и Општина Велес.