Соопштенија
Оштетена е урбаната опрема

И покрај напорите на Општина Велес да уреди повеќе површини низ градот со поставување на урбана опрема, за жал, несовесни граѓани неодамна уништиле дел од поставените реквизити за детска забава. Ова е појава со која се соочуваме со години наназад. Вандализмот несакано стана пракса која наместо да биде минато, се почесто ја гледаме на уредените локации.
Апелираме до граѓаните во иднина да покажат повеќе свест и грижа за урбаната опрема и зеленилото, со што ќе придонесат градот во кој сите живееме да биде поубав.