Соопштенија

ПРЕДАДЕНА ПРВАТА ПРАТКА ЕЛЕКТРИЧЕН И ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

Општина Велес и ЈКП „Дервен“ преземаат активности за постапување со електричниот и електронскиот отпад согласно обврските од Законот за електрична и електронска опрема и отпад од електрична и електронска опрема, а со цел овој отпад од територијата на општината соодветно да се преземе, транспортира и предаде на овластен постапувач.
По склучувањето на договорот за деловно-техничка соработка помеѓу ЈКП „Дервен“ и „НУЛА ОТПАД“ ДОО Скопје, на 19.08.2016 година е предадена и првата пратка електричен и електронски отпад за 2016г. претежно апарати од домаќинството, мали кујнски апарати, компјутери и ИТ опрема, во количина од 1,3 тони.

На општинската комунална депонија адаптиран е простор за времено складирање на електронски и електричен отпад, собран од граѓаните и правните лица кои имаат потреба да се ослободат од овој вид на уреди кои не се во функција.
Општина Велес ја најавува есенската собирна акција на електричен и електронски отпад, која ќе започне од средината на октомври 2016г. и ќе трае еден месец.