Соопштенија

ОБЈАВА: Барање за добивање Б-Интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Велес

ОБЈАВУВА
Барање за добивање Б-Интегрирана еколошка дозвола


Согласно член 122 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е комплетно барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр. 13-4943/1 од 10.08.2016г.

Подносител на барањето:
Друштво за производство, трговија и услуги
МАКИДА ТРЕИД ДООЕЛ Велес
Регистрирано седиште на правното лице:
ул. "Благој Ѓорев" бр. 96/18 Велес
Локација на инсталацијата:
м.в. Река Вардар, на КП15533/3, КО Велес
Контакт лице:
Марио Брчков – управител, тел: 070/265-105
Категорија на инсталација:
Инсталација за сепарирање на песок
Проектиран капацитет:
10м3/час преработена суровина.

Целокупната документација содржана во барањето е достапна за заинтересираната јавност од 02.09.2016 -02.10.2016г. на www. veles.gov.mk

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
м-р Славчо Чадиев