Соопштенија
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за УПВНМ за лесна и незагадувачка индустрија-интензивно одгледување на животни, локалитет “ Ново село“, КО Ново село – Општина Велес
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 183/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 192/15, 39/16 и 42/16), Советот на Општина Велес , на ден 15.09.2016 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија- интензивно одгледување на животни, локалитет “Ново село“, КО Ново село – Општина Велес, кој го донесува Совет на Општина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија- интензивно одгледување на животни, локалитет “Ново село“, КО Ново село –Општина Велес се определуваат следните: Совет на Општина Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за транспорт и врски.
3. За планскиот документ Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија- интензивно одгледување на животни, локалитет “Ново село“, КО Ново село –Општина Велес, за чија изработка е одговорена Општина Велес, а го донесува Советот на Општина Велес, донесувањето на планскиот документ Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија- интензивно одгледување на животни, локалитет “Ново село“, КО Ново село –Општина Велес ќе има влијание врз животната средина.
4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание по однос на генерирање отпад, влијание врз амбиентниот воздух и влијание од несреќи и хаварии.
5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес на следната веб адреса/и: www.veles.gov.mk
6.Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.