Соопштенија

Место за Ваше рекламирање

ОПШТИНА ВЕЛЕС

 ОБЈАВУВА  

Место за  Ваше рекламирање 

Врз основа на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес" бр. 4/14), а согласно член 35 од Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на Општина Велес („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 01/13), 

Се утврдуваат локации за МЕСТО за ВАШЕ РЕКЛАМИРАЊЕ 

Општина Велес има поставено рекламни и информативни паноа кои се наоѓаат на 

  • На оградата на мостот над Градскиот базен. 

Вкупно  30 паноа, со димензии

  • должина од 2,5м и
  • висина од 1,10м + 0,15см кој се од метал конструкција. 

На истите може да се постави реклама од посебно направена фолија со генералии од барателот (ПРАВНОТО ЛИЦЕ). 

  • Заинтересираните треба да достават свое барање до Општина Велес.  Барањето може да се симне од web страната на општина. 
  • За свое рекламирање, барателот  е должен да обебеди посебна дозвола од Општината. 

Дозволата во себе содржи податоци за бројот на паноата, големината, временската рамка, надоместокот  за користење (комунална такса) и други одредби за начинот на поставување и отстранување на истите.

Дозволата се издава по уплатениот надоместок за број на пано за рекламирање.

Согласно Одлуката за висината на надоместокот за рекламирање на табли/ паноа во заштите појас  на општински пат („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 11/09) се плаќа надоместок годишно и тоа: 

  • до 1м2                    1100 денари
  • од 1м2 до 4м2       2200 денари
  • од 4м2 до 10м2     3400 денари
  • преку 10м 2           24.000 денари 

Годишната цена се зголемува за 10%, ако барателот ги наменува истите да ги издава на други корисници. 

По утврдениот надоместок, барателот средствата ги уплаќа на сметка на општината, за да добие дозвола за рекламирање. 

Рекламните паноа на оваа локација се предмет на давање како место за рекламирање се додека не се исцрпат/користат од баратели. 

Општина Велес редовно ќе го ажурира Вашето место за рекламирање на оваа локација со точен број на слободни места за рекламирање.

 Прилог: Барање