Соопштенија

Општина Велес се вклучи во акцијата “Македонија без отпад 2016”

Традиционалната национална акција “Македонија без отпад” во организација на асоцијацијата “Ајде Македонија” и Општина Велес се одржа на 01.09.2016г. со чистење на рекреативниот центар Бабуна. По завршувањето на летната сезона Бабуна не пречека загадена со отпад од пластична амбалажа, остатоци од храна, пакувања и градежен шут.

Со потребната механизација и луѓе отпадот беше отстранет од рекреативниот центар и одложен на соодветните депонии во општината.Во акцијата се собраа 20м3 градежен шут и 10 м3 комунален отпад.