Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕза изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија-интензивно одгледување на животни, локалитет “ Ново село“, КО Ново село – Општина Велес
Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15 и 129/15), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:
ИЗВЕСТУВАЊЕза изработка на Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија-интензивно одгледување на животни, локалитет “ Ново село“, КО Ново село – Општина Велес:
Податоци и информации:
1.Назив на органот: Општина Велес
Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес
2.Назив на планскиот докумен: Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија-интензивно одгледување на животни, локалитет “ Ново село“, КО Ново село – Општина Велес
3.Краток опис на документот: Од страна на Општина Велес започната е постапка за донeсување на Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија-интензивно одгледување на животни, локалитет “ Ново село“, КО Ново село – Општина Велес. Се работи за плански опфат со површина од 76,95 ха која ја зафаќа границата на планскиот опфат, со наменa: Г2 – лесна и незагадувачка индустрија.
Назив и број на Одлука: Известување со кое нашата Одлука за спроведување на стратегиска оцена со бр. УП 1-15-526/2016 од 14.10.2016 се прифаќа од Министерство за животна средина и просторно планирање.
4.Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Градоначалник на Општина Велес.
Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија-интензивно одгледување на животни, локалитет “ Ново село“, КО Ново село – Општина Велес, се донесува со Одлука од страна на Советот на Општина Велес.
5.Засегната јавност: Правните лица кои вршат дејност во непосредна близина и пошироко.
6.Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија-интензивно одгледување на животни, локалитет “ Ново село“, КО Ново село – Општина Велес, ќе бидат достапни во:
- Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот. Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот;
- на www.veles.gov.mk
Јавната расправа ќе се одржи на 17.11.2016г. (четврток) во просториите на Општина Велес, со почеток во 12.00 часот.
7.Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:
Урбанистички план вон населено место за лесна и незагадувачка индустрија- интензивно одгледување на животни, локалитет “ Ново село“, КО Ново село – Општина Велес.
Планскиот опфат е со следните граници:
•североисток - се движи по надворешната страна на КП бр.61 и КП бр.58 ;
•запад - се движи по дел од КП 61;
•северозапад- се движи по границите на КО Ново село;
•југ и југозапад-се движи по надворешната страна на дел од КП бр.79.
Со големина на опфат од 76,95ха.
Главна цел на донесувањето на планскиот документ е да се обезбеди реално, економски издржано и еколошки квалитетно решение во областа на карактерот и намената на просторот, системот на градби, сообраќај и инфраструктура на планскиот опфат.