Соопштенија
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за Детален урбанистички план ДУП за дел од УЕ 10, дел од УБ 51, КО Велес, Општина Велес
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10, 124/10 и 51/11), Градоначалникот на Општина Велес, на ден 31.10.2016 година, донесе
Одлука за спроведување на стратегиска оцена
1.За планскиот документ Детален урбанистички план ДУП за дел од УЕ 10, дел од УБ 51, КО Велес, Општина Велес кој го донесуваОпштина Велес потребно е да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2.Како органи засегнати од имплементација на планскиот документ Детален урбанистички план ДУП за дел од УЕ 10, дел од УБ 51, КО Велес, Општина Велес се определуваат следните:Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно планирање,Совет на Општина Велес.
3.За планскиот документ Детален урбанистички план ДУП за дел од УЕ 10, дел од УБ 51, КО Велес, Општина Велес, за чија изработка е одговореноОпштина Велес, а го донесува Советот на Општина Велес, донесувањето на планскиот документ Детален урбанистички план ДУП за дел од УЕ 10, дел од УБ 51, КО Велес, Општина Велес ќе има влијание врз животната средина.
4.Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Сегашната состојба со животната средина во рамките на планскиот опфат; Влијанијата врз животната средина со планираните намени: А- ДОМУВАЊЕ, Г-ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ, Д-ЗЕЛЕНИЛО, СПОРТ, РЕКРЕАЦИЈА И МЕМОРИЈАЛНИ ПРОСТОРИ, Е-ИНФРАСТУКТУРА, во УЕ 10 и опфаќа дел од УБ 51,согласно блоковската поделба во ГУП за Велес, КО Велес, Општина Велес; Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животна средина(воздух, почва, води, население и човеково здравје)и Индикаторите преку кои ќе се следи реализацијата на планското решение.
5.Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велесна следната веб адреса/и: www.veles.gov.mk.
6.Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.