Соопштенија

Честитка на градоначалникот Славчо Чадиев по повод Денот на наставата на турски јазик

Почитувани сограѓани,
Дозволете ми до сите припадници на турската заедница во Општина Велес да упатам срдечни честитки по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик.
Денешниот празник е уште една можност да ја одбележиме и прославиме долгата традиција на соживот и заедништво која постои уште од минатото и претставува трајна вредност која го одбележува животот и опстојувањето на овие простори

Турската заедница и турскиот јазик се составен дел од мозаикот на културното богатство, кое се негува долги години наназад и претставува афирмација на различните култури и традиции.
Честитајќи Ви го одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик, сакам да Ви порачам дека заеднички ќе продолжиме да придонесуваме во продлабочувањето и градењето на добри и цврсти односи во нашата општината.
Со почит!
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес