Соопштенија
Божиќна честитка од Градоначалникот Славчо Чадиев за граѓаните со католичка вероисповед
Почитувани,
Во името на Советот на Општина Велес, во името на граѓаните на Општина Велес и во мое лично име, на сите граѓани христијани со католичка вероисповед, дозволете да Ви го честитам големиот христијански празник, Христовото рождество – Божиќ
Сакам да ви упатам желби за мир, спокојство, радост, разбирање и благодостојба.
Празнувањето на големиот христијански празник Божик значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Ова е празник на семејството, денот кога се молиме за добро здравје, среќа и радост. Чествувајќи го Божик, учиме да бидеме солидарни, да споделуваме со оние кои што имаат помалку и да им помагаме на немоќните и обесхрабрените. Овој голем празник е знак дека Бог е со нас и претставува симбол на христовото раѓање.
Нека Божјата мудрост ни донесе благосостојба и бериќет!
Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес