Соопштенија

Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола - МАКИДА ТРЕИД ДООЕЛ Велес

ОБЈАВУВА
Издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 113, став 1 и член 122, став 4 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 129/15, 192/15, 39/16), Градоначалникот на Општина Велес издаде Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 08-52/1 на:

Подносител на барањето: Друштво за производство, трговија и услуги - МАКИДА ТРЕИД ДООЕЛ Велес
Регистрирано седиште на правното лице:
ул. "Благој Ѓорев" бр. 96/18 Велес
Локација на инсталацијата:
м.в. Река Вардар, на КП15533/3, КО Велес
Контакт лице:
Марио Брчков – управител, тел: 070/265-105
Категорија на инсталација:
Инсталација за сепарирање на песок
Проектиран капацитет:
10м3/час преработена суровина.
Б-интегрирана еколошка дозвола e објавена на увид на заинтересираната јавност на следниот линк