Соопштенија
Новогодишна и божиќна честитка за граѓаните на Општина Велес
Почитувани сограѓани,
Дозволете од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес да ви ја честитам Новата 2017 година и Божиќните празници. Сакам да ви посакам мир и хармонија во вашите семејства, затоа што тоа е основата за сите понатамошни успеси за вас и за заедницата. Новата година нека ви донесе здравје и бериќет.
Среќни Новогодишни и Божиќни празници.
Нека е за многу години.
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес