Соопштенија
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СЛАВЧО ЧАДИЕВ ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ
Почитувани,
Од Името на Општина Велес, но и од мое лично име, дозволете ми на сите православни верници да им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Сакам да Ви посакам желби за добро здравје, лична среќа и успех на сите полиња во животот.
„Христовото крштевање e голем настан кој ја рашири Божествената тајна со која се осветуваат водите, а со тоа и нашето духовно раѓање и нашата блискост до Бога. Богојавление – Водици го симболизира зачетокот на човековото живеење во верата и прочистување на неговата душа.
Бог се јави! Навистина се јави!
За многу години!
Со почит,
Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес