Соопштенија

Институциите подготвени за второ полугодие од учебната година

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска во посета на образовните институции. Повод е почетокот на второто полугодие во учебната 2016/2017 година.
При посетата констатирано е дека училиштата се целосно подготвени. Поради ниските темпрератури дел од нив имаа проблеми со системите за затоплување, но тие се поправени и од утрово се ставени во функција. Учениците се на настава во топли простории.

Поради фактот што учениците беа на зимски распуст значитено е подобрена сотојбата со заболени од грип. Информациите од училиштата покажуваат дека бројот на отсутни е незначителен.