Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Времен режим на сообраќај на мостот кај Башино Село

На ден 16.08.2018 година во период од 14:00 – 20:00 часот, сообраќајот на општинскиот пат Башино Село – Велес ќе се одвива со наизменично запирање и пропуштање на возила (половина час запирње – половина час одвивање на сообраќајот).

Овој начин на одвивање на сообраќајот е поради испитување на носивоста на мостовската конструкција на мостот кај “Башино Село“.

 Поради тоа апелираме за внимателно возење и почитување на дадените знaци од страна на службените лица.