Соопштенија

Градоначалникот на Општина Велес Објавува места на кои е дозволено да се истакнуваат плакати во врска со Референдумот за консултирање на граѓаните на Република Македонија за прашањето

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Градоначалник на Општина Велес
Број 08-4061/1
07.08.2018 година
Велес

Врз основа на член 78 од Изборниот законик („Службен весник на РМ” бр. 40/06, 127/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 31/15, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018 и 140/2018), член 55 и 56 од Законот за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија („Службен весник на РМ” бр. 84/2005, 161/2008, 51/11 и 109/14) и член 50, став 1, точка 16 од Закон за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 05/02), а во врска со Одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, за распишување на референдум на државно ниво бр. 08-4666/1 од 30.07.2018 година („Службен весник на РМ“ бр. 140/2018), Градоначалникот на Општина Велес

О Б Ј А В У В А

места на кои е дозволено да се истакнуваат плакати во врска со  Референдумот за консултирање на граѓаните на Република Македонија за прашањето 

„Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ 

  1. Локации за поставување на плакати за Референдумот во 2018 година. 

А. ЗАКАЧУВАЊЕ НА ПЛАКАТИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ СТОЛБОВИ, СТОЛБОВИ ЗА УЛИЧНА РАСВЕТА СО ДИМЕНЗИИ 0,50 х 0,70 м. ЧИСТА ВИСИНА НА ПОСТАВУВАЊЕ - 2,60 м. ОД ДОЛНАТА ИВИЦА НА ПАНОТО        

  1. На ул.”Алексо Демниевски-Бауман” на потегот од Бензиската пумпа до крстосницата кај пошта на 16 метални столба за улично осветлување.
  2. На ул.”Петре Прличко” (левиот брег на р.Вардар), на спојот од Стар мост-од Детската градинка, од страната на Градскиот пазар се до мостот „Гемиџии“ на 12 метални столба за улично осветлување.
  3. 3. На ул. ”Димитар Влахов” од кај Градски пазар пред Жито маркет, по раскрсницата кај Мостот „Гемиџии“, во правец на Железен мост се до бензиска пумпа на Лук-оил на 26 метални столба за улично осветлување.
  4. 4. На ул.”Гоце Делчев” на 7 столба за улично осветлување.
  5. 5. На ул.”Страшо Пинџур” на 3 столба за улично осветлување.
  6. 6. На ул.”Благој Ѓорев” од раскрсницата кај Пошта до раскрсницата на спој со ул.”Благој Ѓорев” со спој ул.”Борис Трајковски” на преку 50 столбови за улично осветлување, а понатаму се до “Тунел 2” на столбови за улично осветлување покрај улицата движејќи се кон Тунелот.
  7. 7. На ул. ”АСНОМ” од раскрсницата кај Општината па се до Топилницата на сите столбови за улично осветлување.
  8. На ул. ”Борис Трајковски” од почеток на улицата (зградите на ВУК) до Трговскиот центар до спојот со ул. „Благој Ѓорев“.                                                            
  9. 9. На „Алеско Демниевски-Бауман“, од ф-ка за масло Благој Ѓорев се до Железничка станица на сите столбови за улично осветлување.
  10. 10. На ул. „Вардарска”, на страната кај „Ветекс”, на 30 метални столба за улично осветлување.
  11. 11. На ул.„Благој Ѓорев” по целата должина на бетонската ограда над подземните гаражи.
  12. 12. Паркинг простор кај стара аптека, на потпорниот ѕид на ул.„Коле Неделковски”.
  13. 13. На ул. „8-ми Септември“ на делот кон Долни дуќани на ѕидот од скривниците.
  14. 14. На ул. „Димитар Влахов“ на потпорниот ѕид од плоштад „Варналиите“.
  15. 15. Потпорен ѕид од ул. „Шефки Сали“, до скалите пред Македонска пошта по целата должина.                                                                                                           

Б. ПОСТАВУВАЊЕ НА МОНТАЖНО-ДЕМОНТАЖНИ ПАНОА СО СОПСТВЕНА НОСЕЧКА КОНСТРУКЦИЈА ИЛИ СО КОНСТРУКЦИЈА  ЗА ЗАКАЧУВАЊЕ НА ЈАВНА ОГРАДА СО  МАКСИМАЛНА  ДИМЕНЗИЈА 1,0 х 2,0 м 

  1. На новото двонаменско засолниште пред Основниот суд повеќе подвижни паноа.

            2.На улица „8-ми Септември”, а пред поранешна -Стоковната куќа на растојание од 1,20 м. од излогот во целата негова должина покретни паноа. Во слободниот простор помеѓу поранешна-Стоковната куќа  и првата станбена зграда на Комплексот „Чешел”-покретни паноа слободно поставени.

  1. 3. На ул. „ 8-ми Септември” од левата страна во правец на Стариот мост кај паркчето спроти „Градскиот саат“.
  2. 4. На оградата над потпорниот ѕид на ул.„Димитар Влахов” како подлога за закачување на паноа во должина од 0,70м, а висина 0,80м.
  3. 5. На оградата над потпорниот ѕид на ул.„Благој Ѓорев”, пред ул.„Тодор Јанев“ во целата должина (100м).       

           II.Начин на доделување на локациите за поставување на плакати 

            Утврдените локации во точките А и Б за поставување на плакати се без надоместок.

            Општината со истакнување на оваа објава го врши одбележувањето на местата за поставување на плакати.                        

            Плакатите можат да се истакнуваат и на станбени или други приватни објекти, со претходна согласност од сопственикот на објектот.

            Не е дозволено истакнување на плакати на објектите каде се наоѓа гласачкото место или просторијата каде што се спроведува гласањето.

            Не се дозволува лепење на плакати на фасади, културно-историски споменици, спомен обележја, бисти, платанови стебла и останати стебла на дрвјата од централно градско подрачје. 

            Во населените места во Општина Велес се дозволува лепење на плакати на слободни површини погодни за таква намена, односно на станбени или други приватни објекти со претходна согласност (одобрение) од сопственикот на објектот.

            Согласно Одлуката за утврдување на местата и начинот на бесплатното плакатирање на подрачјето на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр. 5/02) не се дозволува поставување на плакати на рекламните столбови поставени на подрачјето на Општината.

            Уништување на плакати или лепење плаката врз плаката е забрането.

            Организаторот на референдумот е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.

            Не придржувањето кон утврдените места и определените услови повлекува казна за сторен прекршок според казнените одредби од Изборниот законик  („Службен весник на РМ” бр. 40/06, 127/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 31/15, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018 и 140/2018). 

            Објавата ќе се истакне на веб страната на општината, јавни места и  информативни гласила.                       

 

                                                                         ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                               на Општина Велес

                                                                     Аце Коцевски