Соопштенија

Честитка по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

Почитувани граѓани,

Дозволете ми од мое лично име и од името на Советот на Општина Велес да упатам искрени честитки до сите православни верници по повод овој голем христијански празник.

Овогодинешниот празник нека биде во знакот на меѓусебното разбирање, почитта и толеранцијата како универзални човечки вредности, но и предуслови кои ќе донесат развој и благосостојба во интерес на целата заедница.

Ви посакувам мир, многу здравје и хармонија во Вашите домови.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски