Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Времен режим на сообраќај на улица Самоборска (патот кон ЈЗУ Општа Болница Велес)

На ден 29.08.2018 година, согласно проектот и одобрението за градба ДГ Изгрев Инжињеринг ДООЕЛ ќе извршуваат градежни работи на улица Самоборска (патот кон ЈЗУ Општа Болница Велес).

Од тие причини сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента, затоа апелираме за внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената патна сигнализација и дадените знаци од страна на службените лица.

Градежните работи ќе се изведуваат во период од 30 дена