Соопштенија

Честитка од Градоначалникот по повод Денот на независноста

Почитувани сограѓани,

Со голема благодарност за Вашиот личен придонес во развојот на Велес, во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес Ви го честитам 8. Септември, Денот на независноста на Република Македонија и ви посакувам многу успеси во сите индивидуални и заеднички предизвици.

Ве повикувам, во интерес на идните генерации заедно да се посветиме на развојот на Велес како град на македонската авангарда и напредок.

Со почит,
Аце Коцевски
Градоначалник
на Општина Велес