Соопштенија

Известување за реконструкција на водоводна линија на улица Трајко Митев

Се известуваат граѓаните дека од денес (11.09.2018) започнува реконструкцијата на водоводната линија на улицата Трајко Митев  – од спој со улица Димитрија Чуповски па се до спој со улица Мицко Козар.

Во овој период ќе се изведуваат градежни работи – ископ, сечење и кршење на бетонска подлога по должина на трасата на водоводот, монтерски работи за замена на водоводната линија, замена на приклучоци до водомерите. Градежните активности ќе траат околу седум дена .

Се молат граѓаните во тој период да бидат трпеливи, да не паркираат возила по должината на улицата, се со цел да не се отежнува изведувањето на работите.